Утрински Весник
Спорт

Хагерти за Надал: Организиравме сè онака како што сакаше Рафа

20241126092251 Big 730x400 22.webp.webp

Претседателот на Светската тениска федерација, одговори на критиките за прошталната церемонија на Рафаел Надал.

Дејвид Хагерти го коментираше мислењето дека церемонијата во финалето на Дејвис купот не одговара на размерите на кариерата на Шпанецот.

– Рафа е неверојатен играч, тој остава големо наследство, инспирираше милиони играчи ширум светот. И мислевме дека е важно да слушаме како самиот Рафа сака да се збогува. Тоа е она што го направивме. Луѓето можат да мислат што сакаат, но најважно ни е што ја организиравме церемонијата како што сакаше Рафа. И тоа беше одлична вечер, што тој навистина го ценеше, истакна Хагерти.

Надал со пораз во четвртфиналето во Дејвис Купот во Малага пред една недела стави крај на својата богата играчка кариера.

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина