Утрински Весник
Свет

Хаг одби да преименува улицата во чест на Навални

Navalni 1.jpg

Градските власти во Хаг го отфрлија барањето на активистите да се преименува улица во тој холандски град во чест на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, кој почина во февруари во затвор на Арктикот под сомнителни околности.

Сергеј Горбунов, претставник на тимот на Навални во Холандија, за Инсајдер изјави дека се собрани 85.000 потписи улицата каде што се наоѓа руската амбасада да го носи неговото име.

Градските власти одговорија дека преименувањето на улицата би предизвикало потешкотии бидејќи таму не е само руската амбасада.

Дополнително, преименување на улица е можно само „во случај на крајна потреба“ и за промена на името мора да поминат најмалку десет години по смртта на лицето, бидејќи мора внимателно да се проучи животната историја на лицето.

Активистите се уште се надеваат дека властите ќе ја сменат одлуката.

Тие планираат марш за поддршка на преименување на улицата на 4 јуни, роденденот на Навални.

Поддржувачите на Алексеј Навални постојано покренауваат петиции со предлог за преименување на улиците во европските градови во негова чест.

На тоа повикаа и некои западни политичари.

На крајот на мај, париските власти ја усвоија идејата за преименување на уличка во 16-тиот арондисман во Париз, во областа каде што се наоѓа руската амбасада, по Навални.

Алексеј Навални почина на 16 февруари во затвор на Арктикот, а неговото семејство и поддржувачите го обвинуваат рускиот претседател Владимир Путин за тоа.

Повеќето од неговите соработници се во егзил во странство, а некои се осудени на долги затворски казни во Русија.

Можете да прочитате

Бројот на загинати Палестинци во денешниот израелски воздушен напад за искачи на најмалку 30

ИОК за превртено олимписко знаме: Жалиме за овој инцидент, но ова не е крај на светот

Новинар тврди: Албанските спортисти на отварањето на ОИ вееле лажно знаме