Утрински Весник
Свет

Хјуман рајтс воч: Помошта за Украина треба да се примени и во други земји

Хјуман рајтс воч: Помошта за Украина треба да се примени и во други земји

Меѓународната невладина организација Хјуман рајтс воч, со седиште во Лондон, во својот годишен извештај оцени дека меѓународната помош за Украина поради руската инвазија треба да се применува и во други земји каде што се прекршени човековите права.

dobivaj vesti na viber

Во извештајот на повеќе од 700 страници се споменуваат кршење на човековите права во 2022 година во светот, особено во Кина, Авганистан, Иран, Етиопија и Украина.

„Поради војната во Украина, во светот се вклучи светло за меѓународен одговор и посветеност на меѓународната правда“, изјави Тирана Хасан за Франс прес.

Организацијата наведува дека руските сили во Украина се извор на масовно кршење на човековите права, особено на цивилното население. Таа додаде дека ја поздравува брзината на реакција на Меѓународниот кривичен суд, кој покрена истраги, како и санкциите воведени кон Русија од страна на Европската Унија, САД и Велика Британија.

„Никогаш во историјата не сме виделе таков координиран меѓународен одговор“, рече Хасан, додавајќи дека таков одговор треба да се даде и на слични ситуации во други земји каде што се пријавени прекршувања на човековите права.

Можете да прочитате

Русија упати предупредување до Јужна Кореја: „Воздржете се од непромислени чекори“

Експлозија во рафинерија за нафта во Турција

Лами: Британија не испраќа војници во Украина