Утрински Весник
Свет

„Хјуман рајтс воч“: Израелските сили извршија најмалку осум напади врз хуманитарните работници

20240514105809 Big 730x400 74.webp.webp

Израелските сили ги нападнале хуманитарните работници и нивните конвои најмалку осум пати, убивајќи најмалку 15 луѓе, вклучително и деца, од почетокот на војната во Газа, според „Хјуман рајтс воч“.

Меѓународната организација за човекови права со седиште во Њујорк соопшти дека хуманитарните групи ги дале своите координати на израелските власти за проверка.

Немаше претходно предупредување за нападите, во кои беа ранети и најмалку 16 лица.

Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарни прашања соопшти дека повеќе од 250 хуманитарни работници се убиени од почетокот на војната, повеќето од нив Палестинци вработени во Агенцијата за бегалци на ОН (УНРВА), која е главен снабдувач на Појасот Газа.

Можете да прочитате

ЕУ: Ќе продолжиме да ја поддржуваме Украина и нема да ги укинеме санкциите кон Русија

Три деца и наставник убиени во напад на училиште во САД

Трамп го спореди Зеленски со основач на патувачки циркус