Утрински Весник
Магазин

Хју Џекмен доби негативни резултати од тестот за рак на кожата

Хју Џекмен доби негативни резултати од тестот за рак на кожата

Претходно неделава, Хју Џекмен се огласи на „Инстаграм“ и откри дека треба да направи две биопсии бидејќи неговиот лекар детектирал промени на кожата на носот, што би можело да биде карцином на базалните клетки.

dobivaj vesti na viber

54-годишниот Хју ги предупреди сите да одат на редовни прегледи и да се заштитат од сонцето.

А сега, неколку дена потоа, австралискиот актер ги информира загрижените фанови дека резултатите од тестот се негативни.

Тој на својата „Инстаграм-стори“ напиша: „Ви благодарам на сите за љубовта. Ја чувствувам! И на медиумите што ми помогнаа да ја изнесам оваа многу важна порака“.

„Ве молам, запомнете да носите крем за сончање со високо ниво на заштитен фактор (без разлика на сезоната). Ве сакам“.

„Знам дека претходно сте ме слушнале како зборувам за моите карциноми на базалните клетки. Ќе продолжам да зборувам за нив, доколку е потребно“, додава тој во видеото.

„И ако ова потсети макар и еден човек да става крем за сончање со висок заштитен фактор, ќе бидам среќен“.

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста