Утрински Весник
Магазин

Гвинет Палтроу со сопругот на утрински џогинг

Гвинет Палтроу со сопругот на утрински џогинг

Гвинет Палтроу и Бред Фалчук беа фотографирани во понеделникот по завршувањето на нивната секојдневна рутина за потење.

dobivaj vesti na viber

Се чини дека таа има сериозен разговор со сопругот по џогирањето во Хемптонс на Лонг Ајленд.

Оскаровката, која за еден месец ќе наполни 50 години, е без шминка со собрана коса додека ги покажува затегнатите раце и нозе во маичка без ракави и шорцеви.

Нејзиниот сопруг Бред (51) ѝ парира со сличен аутфит на секојдневната рутина. Тој на себе има бела маичка без ракави и бели бермуди.

Бред го следи примерот на својата сопруга и ги засука ракавите, покажувајќи ги мускулестите раце.

Гвинет, основач на познатиот лајфстајл и велнес-бренд „Гуп“, изгледа убаво дури и во нејзината едноставна облека за вежбање. Таа облече бела маица со принт Нешвил 1940 – 1971.

Гвинет ќе ја прикаже својата деловна остроумност како гостинска ајкула во популарната натпреварувачка емисија на „Еј-би-си“, Shark Tank.

Можете да прочитате

Традиционално дефиле под маски на Вевчанскиот карневал 

Вечер е Стара нова година, а утре Обрезание Господово и Василица

Три хороскопски знаци кај кои самодовербата лесно преминува во суета