Пеп Гвардиола во „агресивна“ прес-конференција го бранеше Манчестер сити, велејќи дека целосно верува во клубот по обвиненијата за финансиски нерегуларности од Премиерлигата по кој им се заканува одземање на поени, исфрлање од лига и дури одземање на титулит. Каталонецот потврди дека планира да остане во клубот и ги предупреди другите 19 клубови во Премирлигата дека „ќе дојде време и за нив“.
Сити се обвинети за 101 прекршување на финансиските регулативи на англиската лига по преземањето на клубот од Абу Даби јунајтед групацијата во 2008 година, а се верува дека ривалите на клубот бараат остра казна, но Пеп вели дека тие се „невини додека не биде докажано спротивното“.
„Мојата мисла е дека веќе сме осудени. Од понеделник е истата ситуација како со УЕФА. Таму клубот покажа дека е цлосно невин, и зошто сега со овие обвинувања не би им верувал. Морате да сфатите дека 19 клубови од Премиерлигата не обвинуват без шанса да се браниме. Знаете точно на чија страна сум. Имаме среќа што живееме во општество во кое си невин додека не докажат дека си виновен. Имаме добри адвокати, но Премиерлигата, подржана од 19 клубови, исто така ќе ангажира добри адвокати. Ако сме виновни ќе ја прифатиме одлуката, но што ако се случи исто како УЕФА и се докаже спротивното? Што се случува за нашиот нарушен имиџ“, вели Гвардиола.
Тој јасно порача дека обвинението доаѓа по инсистирање на нивние ривали и посочи дека останува во Сити.
„Секако, другите клубови го сакаат тоа. Тоа е Премиерлигата. тоа треба да го прашате директорот на Премиерлигата, Даниел Леви… Тшко ми е да кажам дали клубовите сакаат да не исфрлат. Не знам. Но, отвараат прв ваков случај и треба да бидат внимателни во иднината бидејќи многу други клубови може да дадат слични обвинувања. Јасно е дека фановите сакаат да не исфрлат од лигата бидејќи веруваат дека не се однесувавме исправно. Јас не се мрдам од ова столче, тоа можам да ве уверам. Сега сакам да останам уште повеќе. По толку години во Премиерлигата, не одам никаде“, вели Пеп.