Утрински Весник
Спорт

Гвардиола: Секој што ќе се врати со вишок килограми нема да оди во Нотингем

20251215093157 big 730x400 96.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, откри дека неговите играчи ќе бидат измерени штом ќе се вратат од краткиот божиќен одмор.

Целта е да се провери дали ја одржале потребната физичка подготвеност за натпреварот против Нотингем Форест закажан за 27 декември, пишуваат британските медиуми.

По победата од 3:0 над Вест Хем во саботата, Гвардиола јасно стави до знаење што очекува од својот тим за време на празниците. Играчите беа измерени пред тој натпревар и ги исполнија потребните стандарди.

„Во моментот кога ќе се вратат по три дена одмор, сакам да видам како се. Можат да јадат, но сакам да ги држам под контрола“, рече 54-годишниот стратег.

Предупредувањето беше недвосмислено:

„Замислете играч кој сега е во совршена форма, но се враќа со три килограми вишок. Тој ќе остане во Манчестер, нема да патува во Нотингем“

Пристапот на Гвардиола кон подготвеноста на играчите е добро познат. Во 2016 година, тој ги отстрани членовите на тимот од тренинзите на првиот тим додека не ја достигнат својата оптимална тежина.

Поранешниот дефанзивец на Сити, Гаел Клиши, откри како познатиот Каталонец им забранил на играчите пица, одредени сокови и друга „тешка храна“.

Можете да прочитате

Алвеш купува португалски третолигаш – 24info.mk

ФИФА ранг-листа: Македонската репрезентација ја заврши 2025. на 66. место

Лазаров означи старт на подготовките за ЕП: Спортски е да се надеваме на успех