Пеп Гвардиола смета дека никој не може да им ги одземе шесте премиерлигашки титули на Манчестер сити, велејќи дека дел од најпрепознатливите моменти во Премиерлигата им припаѓаат на „граѓаните“ продолжувајќи со одбраната на својот тим по обвиненијатаа за прекршувања на финансиските правила.
„Ајде… Емоциите ни припаѓаат на нас без разлика на тоа што ќе одлучат. Серхио Агуеро со голот во последните секунди… Не знам, можеби Сити се виновни што Стивен Џерард се лизна. Таа ситуација на ‘Енфилд’, не сакав да се случи од респект кон Џерард, но тоа е наша вина“, вели Гвардиола.
Гвардиола го посочи мечот Ливерпул-Челси во трката за титулаата во 2013/14, кога токму по лизгањето на Џерард, Челси даде гол и стигна до победа.