Утрински Весник
Спорт

Гвардиола побарал да му го донесат Матео Ковачиќ

Гвардиола побарал да му го донесат Матео Ковачиќ

Манчестер сити сериозно е заинтересиран за Матео Ковачиќ (28), кој ќе го напушти Челзи по завршувањето на сезоната, објави британски „Телеграф“. Ковачиќ има договор со Челси до јуни 2024 година но веќе беше објавено дека Челзи не сака да го задржи со оглед на тоа дека под претседателот Тод Боели потроши стотици милиони на нови играчи.

dobivaj vesti na viber

Според „Трансфермаркт“, Ковачиќ вреди 40 милиони евра, што е за пет милиони помалку од сумата за која дојде во Челзи од Реал Мадрид во 2019 година.

„Телеграф“, пишува дека Џуд Белингам (19), младата ѕвезда на Борусија Дортмунд е првата желба на Сити. Сепак, за него ќе се борат со Ливерпул, Реал Мадрид и Челзи, а тоа би можело да ги чини повеќе од 100 милиони евра.
Ковачиќ би бил поевтина и неопходна опција доколку клубот го напуштат Илкај Гундоган и Бернардо Силва, за што исто така се шпекулира.

„Можно е Сити да донесе повеќе од еден играч од средниот ред во текот на летото. Ковачиќ е релативно евтина, но топ опција доколку не го продолжи договорот со Челзи“, пишува „Телеграф“.

Англиските медиуми потсетуваат дека клубот од Манчестер го следеше Ковачиќ во 2018 година пред тој да замине од Реал во Челзи. Хрватскиот играч за врска досега одигра 207 натпревари за Челзи.

Можете да прочитате

Хагерти за Надал: Организиравме сè онака како што сакаше Рафа

Поранешен фудбалер со нож нападнат во Њујорк

Намибиски новинар му одговори на Перез: Тој е фрустрирана личност