Утрински Весник
Спорт

Гвардиола: Не успеав да го извлечам најдоброто од Филипс

Гвардиола: Не успеав да го извлечам најдоброто од Филипс

Менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола ја презеде одговорноста што играчот од средниот ред Калвин Филипс не ги испорача настапите за „граѓаните“ како што се очекуваше по неговото пристигнување на „Етихад“ минатото лето.

dobivaj vesti na viber

Филипс беше купен за 45 милиони фунти од Лидс каде што блескаше и беше еден од главните играчи кај тогашниот менаџер Марсело Биелса. Гвардиола многу пати изјавил дека легендарниот Биелса е неговиот „фудбалски татко“.

Гвардиола најави дека англискиот репрезентативец ќе го започне натпреварот во Лига купот со Њукасл, што ќе биде петти старт за 27. годишниот фудбалер во дресот на Манчестер сити.

„Марсело му помогна на Калвин да дојде до врвот. Би сакал да бидам успешен во тој поглед, но начинот на игра е барем малку поинаков во Сити и затоа Филипс понекогаш се мачи во некои аспекти. Визијата на Биелса целосно му одговараше“, изјави Гвардиола и додаде:

„Челниците на клубот разговараа со него бидејќи не успеа да се избори за минутажа, но Калвин сакаше да остане и да се бори за своето место. Го купивме затоа што е квалитетен, широкоумен и желен да учи и да придонесува. Работиме заедно за да ја постигнеме таа цел“.

Манчестер Сити ја отвори сезоната во Премиер лигата со максимални шест победи и е на првото место.

Foto/ EPA

Можете да прочитате

Манчестер сити на домашен терен прегазен од Тотенхем

Енди Мареј е нов тренер на Новак Ѓоковиќ

Чоло утре ќе влезе во историјата на Ла Лига