Утрински Весник
Спорт

Гвардиола: Јас сум генијалец

Гвардиола: Јас сум генијалец
Dik 300x250 mk

Пеп Гвардиола на интересен начин ја прокоментира победата на неговиот МанчестерсСити во дербито на Премиер лигата. Сити победи со минимален резултат на гостувањето против Челзи на „Стемфорд Бриџ“.

dobivaj vesti na viber

Натпреварот го реши Ријад Марез, само неколку минути откако Гвардиола го внесе Алжирецот во игра.

„Јас сум генијалец. По Евертон ме прашаа зошто не направив никакви промени до 81. минута. Размислив и денеска направив неколку промени. Можевме да загубиме, но сега сме во добра ситуација. и заостануваме само пет бода“, изјави Гвардиола.

Сити е втор на табелата со 39 бодови, пет помалку од лидерот Арсенал, а четири повеќе од Њукасл и Манчестер јунајтед.

„Веќе во ноември многумина веруваа дека сме шампиони, тоа така не функционира во. Другите тимови го немаат тој притисок, бидејќи во септември не се зборува дека ќе ја освојат лигата, туку дека Сити ќе бидат шампиони. По четирите титули за пет години не е лесно да се повтори тоа. Затоа сум презадоволен од досегашните успеси“.

Можете да прочитате

Јамал, Дембеле и Салах номинирани за наградата „Најдобар“ на ФИФА

Ѓоковиќ го победи Борхес и се пласираше во полуфиналето на турнирот во Атина

Милевски повика 28 фудбалери за средбите со Летонија и со Велс