Утрински Весник
Македонија

Гужви на граничните премини „Табановце“ и „Богородица“, се чека околу 40 минути

Гужви на граничните премини „Табановце“ и „Богородица“, се чека околу 40 минути

Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози.

dobivaj vesti na viber

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничниот премин Табановце за влез во државата и на граничниот премин Богородица за излез од државата има зголемена фреквенција и чекање околу 40 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема поголеми задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Можете да прочитате

Економијата и инвестициите во фокусот – работни средби на министерот Муцунски во Литванија

Жолто предупредување од УХМР: Опасност од поплави во западните и источните делови на земјата

ВМРО-ДПМНЕ: Каде завршила пченицата од стоковите  резерви во вредност од 800 илјади евра во време на власт на СДСМ?