Утрински Весник
Свет

Гувернерот на Тексас распореди Национална гарда поради протестите против депортациите

20250611101528 big 730x400 55.webp.webp

Гувернерот на Тексас Грег Абот најави распоредување на резервисти од Националната гарда во државата, поради протестите против политиките за депортација на мигранти без документи наредени од претседателот Доналд Трамп.

„Мирното протестирање е легално. Насилството и напади врз луѓе или објекти се незаконски и ќе предизвикаат апсења“, напиша гувернерот на социјалната платформа Икс.


Во повеќе градови низ Тексас се одржуваат протести, дел од пошироко движење против засилените акции на имиграциските власти. Абот, републиканец и близок сојузник на Трамп, ја поддржува политиката на строго гранично спроведување.

Можете да прочитате

Германски МНР: Руската агресија кон НАТО ќе продолжи и ако се постигне договор за Украина

Трамп: Бајден дозволи во САД да влезат десетина милиони илегални криминалци

Зеленски: Кучето на Лукашенко има повеќе права од белорускиот народ