Утрински Весник
Свет

Гутереш: Ситуацијата во Појасот Газа е „катастрофа предизвикана од човекот“

Antonio guteresh epa 2.jpg

Генералниот секретар на Обединети нации, Антонио Гутереш ситуацијата во Појасот Газа ја опиша како „катастрофа предизвикана од човекот, морално обвинение и неуспех на самото човештво“.

Неговата изјава уследи по објавувањето на извештајот на Меѓународниот систем за безбедност на храната (ИПЦ), во кој првпат официјално е прогласен глад во делови од палестинската енклава.


Гутереш на платформата Икс објави дека условите во Појасот Газа наликуваат на „живот во пеколот“.

Тој наведе и дека окупаторот, според меѓународното право, има обврска да гарантира снабдување со храна и лекови.

– Не можеме да дозволиме ова ситуација да продолжи неказнето, посочи Гутереш

Можете да прочитате

Онлајн настава започнува во Израел поради војната

Иран потврди дека бил извршен напад врз нуклеарниот комплекс Натанц

Продолжуваат преговорите за мир меѓу Русија и Украина