Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Гутереш: Секој вработен во ОН вклучен во терористички акти ќе одговара кривично

Picture 1397 660x400 1.jpg
300x250 opst2

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш изјави дека „секој вработен во ОН вклучен во терористички акти“ ќе биде кривично гонет, по обвинувањата дека неколку работници на УНРВА учествувале во нападот на Хамас на 7 октомври врз јужен Израел.

– Од 12-те лица вклучени во тој напад, кој резултираше со израелската воена операција во Појасот Газа, на деветмина од нив им е раскинат договорот, за еден е потврдено дека е мртов, а идентитетот на останатите двајца се уште се утврдува, прецизираше ГутерешШефот на Светската организација, истовремено, апелираше до владите да продолжат да ја поддржуваат УНРВА, по одлуката на девет земји, меѓу кои САД и Британија, привремено да го прекинат финансирањето на агенцијата на ОН која им помага на палестинските бегалци.

– Секој вработен во ОН вклучен во акти на терор ќе биде повикан на одговорност, вклучително и кривично гонење, потенцираше Гутереш.

Можете да прочитате

Синоптичарите алармираат: Европа пред најстудената зима во последните години

Трагедија: Мајка ја удавила својата двегодишна ќерка, па се јавила во полиција и лажела

Мерц: Путин води хибридна војна против Германија, сака да не заплаши и да ни всади страв