Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, од Кампала порача дека израелските воени операции во Појасот Газа предизвикале масовни уништувања и масовни убиства на цивили. -Тоа е потресно и целосно неприфатливо. Блискиот исток е буре барут, мораме да направиме се што можеме за да спречиме разгорување на конфликтот низ целиот регион, изајви Гутереш на отворањето на самитот Г 77 плус Кина во главниот град на Уганда. Во објава на социјалните мрежи оцени дека е неприфатливо „негирањето на правото на државност на палестинскиот народ“ и одбивањето да се прифати решение за „две држави“, односно создавање независна Палестина покрај Израел. -Правото на палестинскиот народ да изгради сопствена држава мора да биде признаено од сите, додава Гутереш.