Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш повика денеска оружјето во Појасот Газа да замолчи и да се ослободат заложниците за да се почитува духот на Рамазан кој штотуку започна.
„Денеска е почетокот на светиот месец Рамазан, период кога муслиманите ширум светот ги слават и шират вредностите на мирот, помирувањето и солидарноста. Но, дури и на почетокот на Рамазан во Појасот Газа луѓето сè уште се убиваат, бомбардирањата и крвопролевањето продолжуваат“, изјави Гутереш за новинарите.
„Денеска, жестоко апелирам да му оддадеме почит на духот на Рамазан, така што оружјето ќе замолчи и да се елиминираат сите пречки за испорака на витална хуманитарна помош со ритам и масовност што е потребна“, додаде тој.
„Очите на светот нè набљудуваат. Историјата не гледа. Не можеме да погледнеме подалеку“, рече Гутереш.
Гутереш, исто така, изрази загриженост за можна копнена офанзива на Рафа, која „ќе го турне населението на Газа уште подлабоко во пеколот“.
Гутереш го повтори повикот за прекин на огнот и во Судан по повод Рамазан.