Утрински Весник
Македонија

Густа магла на повеќе патни правци

Magla Avtopat.jpg

АМСМ вечерва информира дека има намалена видливост поради густа магла на неколку клучни патни правци. Најкритично е на превојот Плетвар и во Крушево, каде видливоста е само 30 метри, додека на потегот Маврово – Маврови Анови таа изнесува едвај 15 до 20 метри.

Магла има и на планинските превои Стража и Ѓавато, каде видливоста е ограничена до 100 метри. Сообраќајот на останатите државни патишта се одвива без застои, но по претежно влажни коловози.

Од АМСМ потсетуваат дека поседувањето зимска опрема во возилата е законски задолжително и апелираат на крајно внимателно возење низ клисурите поради зголемена опасност од одрони.

Можете да прочитате

Вечерва девојка падна од зграда во Тетово

(ВИДЕО) Репортажа од која срцето ќе ви заплаче

Сиљановска-Давкова: Научените лекции од Кочани ги претвораме во системски мерки