Утрински Весник
Свет

Гугл поставува кабел со оптички влакна од Африка до Австралија

Opticki Kabel.jpg

Гугл објави дека планира да изгради оптички кабел кој ќе оди од Африка до Австралија.

Овој кабел ќе се вика Умоја (свахили збор за „единство“) и ќе започнува во Кенија, ќе поминува низ Уганда, Руанда, Демократска Република Конго, Замбија, Зимбабве и Јужна Африка, па сè до Индискиот Океан.

Google вели дека проектот е дизајниран да ја „зголеми дигиталната поврзаност, да го забрза економскиот раст и да ја продлабочи отпорноста низ Африка“.

Покрај самиот кабел, компанијата вели дека ќе работи со кениската влада за зајакнување на сајбер безбедноста, иновациите водени од податоци, дигитално надградување и одговорно и безбедно распоредување на вештачката интелигенција.

„Новата интерконтинентална рута со оптички влакна значително ќе ја подобри нашата глобална и регионална дигитална инфраструктура“, напиша кенискиот претседател Вилијам Руто за иницијативата во блог пост на Google.

„Оваа иницијатива е клучна за да се обезбеди стабилност на поврзувањето на нашиот регион со остатокот од светот, особено во светлината на неодамнешните нарушувања предизвикани од сечењето на подморскиот кабел“, додаде тој.

„Со зајакнување на нашиот дигитален столб, не само што ја подобруваме доверливоста, туку и го отвораме патот за поголема дигитална вклученост, иновации и економски можности за нашите луѓе и бизниси“, заклучи тој.

Можете да прочитате

Ален Берсе нов генерален секретар на Советот на Европа

Американските претседателски дебати низ годините: гафови, хаос, скандали

За прв пат по повеќе од една година, разговараа шефот на Пентагон и рускиот министер за одбрана