Утрински Весник
Свет

Грузискиот парламент го отфрли законот за странски агенти

Грузискиот парламент го отфрли законот за странски агенти

Грузискиот парламент го отфрли законот за странски агенти, што предизвика политичка криза и се закануваше да ја спречи земјата да гради поблиски врски со Европа.

dobivaj vesti na viber

На собраниската седница, 35 пратеници, од 36 што гласаа, во второ читање го отфрлија текстот што беше прифатен во првото читање во понеделникот, што доведе до бран протести и низа осуди од Западот, пренесува „Хина“ повикувајќи се на „Ројтерс“.

Грузиската владејачка партија Грузиски сон во четвртокот соопшти дека се откажува од нацрт-законот за странски агенти.

И покрај најавата, илјадници луѓе повторно излегоа на улиците на Тбилиси во четвртокот вечерта.

Предложениот закон ќе ги принуди сите грузиски организации, кои добиваат повеќе од 20 отсто од својот приход од странство, да се регистрираат како странски агенти, во спротивно ќе бидат казнети.

Во четвртокот демонстрантите повикаа на седница на парламентот да се повлече законот што го помина првото читање.

Грузија, поранешна советска република, официјално сака да им се приклучи на Европската Унија и НАТО, пренесе „Ал џезира“.

Можете да прочитате

Драма во Германија: Околу 340 патници евакуирани од воз поради закана од вооружен маж

Полска уапси Украинка осудена за продажба на 56 бубрези

Нов оружен инцидент во Брисел