Утрински Весник
Македонија

Груби се сретна со амбасадорот Маркуш: Поддршка од Словачка на патот кон европската интеграција

Груби се сретна со амбасадорот Маркуш: Поддршка од Словачка на патот кон европската интеграција
Dik 300x250 mk

Првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, г-дин Артан Груби денеска оствари средба со амбасадорот на Република Словачка, г-дин Хенрик Маркуш.

dobivaj vesti na viber

Во разговорот меѓу Груби и Маркуш беше констатирано дека билатералните односи меѓу двете земји се на исто ниво, но потребно е продлабочување на соработката во повеќе области, а се зборуваше и за политичко-безбедносната состојба во земјата и регионот, процесот на интеграцијата, уставните измени како и заедничкиот европски фронт формиран од политичките парти кои дејствуваат во европскиот дух.

Груби изрази благодарност за големата поддршка што Република Северна Македонија ја има од Република Словачка, додавајќи дека политиките ќе продолжат да бидат усогласени со земјите членки на НАТО и ЕУ.

Амбасадорот Маркуш ја истакна целосната поддршка за уставните измени и вклучувањето на бугарската заедница во Уставот, како и за продолжување на преговорите за членство во ЕУ.

Груби го претстави владиниот план за европскиот фронт и уставните измени и побара поддршка од Словачка, но и од другите земји од Европската Унија и Соединетите Американски Држави за реализација на интегративните цели.

Соговорниците разговараа и за дијалогот меѓу Косово-Србија и средбата на 17 март во Северна Македонија како пример за добри односи меѓу заедниците и храбри одлуки за ставање крај на споровите со соседите.

Можете да прочитате

Безживотно тело на млада девојка најдено во Тетово

Давкова по повод Светскиот ден на ромскиот јазик прими припадници на ромската заедница

Зајкова бара итни законски измени: Животот на пациентите не смее да зависи од бирократија