Првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби денеска ја отвори Годишната владина конференција.
Груби пред присутните во својот говор рече дека во текот на годините државата се соочувала со повеќе предизвици кои имаат само еден заеднички центар на нестабилност а тоа е Русија, додавајќи дека денес сме партнери на НАТО, имаме отворени врати во секоја земја во светот, во секоја светска институција, а само Европскиот фронт става крај на руското влијание во нашата земја.
„Имаме руски експоненти насекаде, да го нарушат доброто функционирање на оваа Влада и доброто пријателство со сите наши сојузници, затоа со Европскиот фронт ги здружуваме силите и го чуваме она што го создадовме со наши напори, соработуваме за да изградиме подобра иднина, подобра држава за сите нас.
Значи, нашата земја е партнер на НАТО, имаме отворени врати во секоја земја во светот, во секоја светска институција, така што само Европскиот фронт става крај на руското влијание во нашата земја.
О’Брајан на конференцијата кажа и колку се тие важни за САД и Европа, па зависи од сите нас заедно, каде и како ја сакаме нашата заедничка земја, дали сакаме европска Македонија или со руско влијание?“ порача Груби.