Утрински Весник
Македонија

Груби е однесен во Кривичниот суд

Img 8779.jpeg

Артан Груби, поранешниот прв вицепремиер и министер за односи меѓу заедниците, е спроведен во Основниот кривичен суд по скоро шест часа распит во ОЈО.

Груби, околу 18:30 часот беше изнесен од зградата на Обвинителството со лисици на рацете и качен во комбе на затворската полиција, пренесоа медиумите.


Спроводот беше извршен преку гаражите на околните објекти на Обвинителството.

„Зошто се вративте? Дали се чувствувате виновен?“,беа дел од прашањата што новинарите му ги упатија на Груби, на кои тој избегна да одговори и мирно придржуван од полициски екипи се качи во комбето на затворската полиција.

Засега од Јавното обвинителство на Република Северна Македонија нема официјална информација за распитот, како и за тоа дали евентуално ќе се бара потврда на 30-дневниот притвор што на Груби му беше одреден во отсуство во декември лани Груби, или пак е можно да му биде одредена друга мерка за обезбедување присуство.

Можете да прочитате

Земјотрес во Пехчево и Берово

На Велигден ќе имаме вистинска пролет преку денот во Македонија

Денес е Велика Сабота – 24info.mk