Утрински Весник
Македонија

Груби доби куќен притвор – 24info.mk

Artan Grubi.jpg

Артан Груби доби куќен притвор. Одбраната побара ваква мерка а обвинителството се согласи. Неофицијални информации се дека одбраната образложила дека Груби ќе биде достапен за органите на прогонот, имајќи предвид дека сам се вратил во државата, и дека нема опасност од влијание врз постапката, бидејќи истрагата е завршена.

Судијата на претходна постапка, според извори од скопското Обвинителство, добил позитивен став од обвинителот во однос на предлогот за поблага мерка.


По спроведувањето во судот, Груби бил сослушан, но засега не е официјално потврдено дали обвинителот формално доставил нов предлог за куќен притвор на самото рочиште. Од прес-службата на Обвинителството информираат дека немаат детали, со образложение дека обвинителот се наоѓа во судница.

Можете да прочитате

Поднесена кривична против битолчанец – пронајдена е дрога

Голем одрон после Катланово – 24info.mk

Ристоска : Државниот обвинител мора да им служи на граѓаните, а не на политиката