Утрински Весник
Економија

Grouper нуди помош на бизнисите со бесплатни онлајн продавници

Grouper нуди помош на бизнисите со бесплатни онлајн продавници
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Скопје, 4 мај 2020 (МИА) – Grpouper во соработка со Mаstercard ги охрабрува компаниите да се преориентираат кон онлајн пазарот, нудејќи можност за бесплатнo користење на новата платформа Grouper Online Shopping Mall за мали и средни бизниси кои сакаат да пристапат кон соработка во текот на мај годинава.

Од Grouper.mk информираат дека „Grouper Online Shopping Mall“ е проект на кој работеле изминатите две години со цел да овозможат вистински развој и пристап кон најголемиот е-marketplace за секоја компанија, преку отворање  своја онлајн продавница во рамки na платформата на Grouper.

-Заедно со Mastercard, како наш партнер во развојот на е-трговијата во земјава, подготвивме кампања за помош на мали и средни бизниси со цел да ја поддржиме нивната трансформација и искористување на моменталната криза како можност за отварање нов канал на продажба. Пандемијата никому не му оди во прилог, но со заедничка помош, стратегија и приспособување на промените, сметаме дека би можеле да излеземе како победници, велат од Grouper.mk.

За таа цел сите трговци што сакаат да ги продаваат своите производи онлајн, започнувајќи од почетокот на мај ќе имаат можност да ја поднесат својата апликација и да добијат едeн од 30-те гратис пакети за онлајн продавници во рамки на Grouper Shopping Mall. Апликацијата е исто така достапна и за сите угостители, како едни од најпогодените во кризата, за кои се обезбедени 10 гратис пакети за отворање онлајн ресторан за продажба и нарачка на храна во секцијата #ХранадоДома. Покрај ова, отворена е можноста сите останати пријавени компании и ресторани да добијат еден месец бесплатно користење на платформата.

Апликациите се отворени заклучно со 20-ти мај, а заинтересираните повеќе информации за условите, бесплатните пакети и како да се аплицира за онлајн продавница можат да погледнат на овој линк, а за отворање на онлајн ресторан на следниот линк.

Според Grouper.mk, „Grouper Shopping Mall“ е вистинскиот начин како брзо и лесно секоja компанија може да има своја онлајн продавница и дополнителен канал на продажба во рамки на најголемиот онлајн пазар во земјава, без разлика во која индустрија работи, дали веќе има развиен веб сајт или пак само офлајн продажно место.

-Предности кои го прават „Grouper Shopping Mall“ комплетно решение за секој бизнис сe: можноста во најкратко време и со минимум ресурси секоја компанија да има сопствена онлајн продавница, изложување на брендот и продуктите на најголемиот онлајн пазар во нашата земја со преку 240.000 купувачи, нема потреба од програмирање и дополнителни трошоци, се вели во соопштението.

Меѓу предностите се и тоа што компаниите добиваат готово софтверско решение и имплементиран платежен систем со сертификат за безбедност, лесна навигација и можност за следење на нарачки во секое време, продажба и преку најпопуларната мобилна апликација во земјава со над 150.000 инсталации, корисничка и техничка поддршка во секое време и пристап до Grouper маркетинг платформата со цел користење голем број маркетинг алатки и совети за промоција на своите продукти.

Овој период на Grouper е актуелна и новата услугата #ХранаДоДома, нaсочена кон угостителските објекти што претставува комплетно решение за приклучување на рестораните во онлајн светот вклучувајќи на едно место платформа за нарачки, промоција, бренд билдинг и достава. мд/скс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Повластената стапка на ДДВ од 5 проценти за новоизградени станови ќе важи и по 1 јануари

Исплатени над 39 милиони денари на 663 оризопроизводители

Заклучно со 30 ноември годинава во државниот буџет од даноци и придонеси собрани 3,97 милијарди евра