Утрински Весник
Свет

Гроси повикува на воздржаност по нападот во близина на нуклеарната централа Запорожје

Nuklearna czentrala zaporozhje.jpg
Dik 300x250 mk

Генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, повика на „максимална воздржаност во воените дејствија во близина на нуклеарните постројки“ по нападот во близина на нуклеарната централа Запорожје во југоисточна Украина, која е под руска контрола.

Тој ја даде изјавата откако тимот на МААЕ во нуклеарната централа Запорожје синоќа извести дека дрон погодил помошен објект во нуклеарната централа.


Во соопштението се вели дека се слушнале експлозии и се гледал чад што доаѓал од комплекс оддалечен 1.200 метри од електраната.

-Секој напад во близина на нуклеарна централа – без оглед на целта – претставува потенцијален ризик за нуклеарната безбедност и мора да се избегнува, рече Гроси.

„Уште еднаш, повикувам на максимална воздржаност во близина на нуклеарните постројки за да се избегне постојаниот ризик од нуклеарна несреќа“, нагласи шефот на атомската агенција на ОН.

МААЕ одигра клучна улога во заштитата и следењето на безбедносните услови во нуклеарните постројки во Украина од почетокот на војната на Русија во соседната земја во февруари 2022 година.

Русија воспостави контрола врз Запорожјеската нуклеарна централа, најголемата нуклеарна централа во Европа, во март 2022 година. Таа се наоѓа во градот Енергодар, на јужниот брег на реката Днепар.

Можете да прочитате

СЗО ќе вакцинира 44.000 деца во Појасот Газа

Покровск пред пад, се водат улични борби, Украинците се опколени

Централните банки купија 39 тони злато во септември