Утрински Весник
Свет

Гроси: Мисијата на МААЕ останува во нуклеарната централа Запорожје

Гроси: Мисијата на МААЕ останува во нуклеарната централа Запорожје

Директорот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, објави дека членовите на инспекциската мисија остануваат во нуклеарната централа Запорожје во јужна Украина, која ја прегледаа денеска.

dobivaj vesti na viber

„Денес направивме нешто многу важно. И што е најважно, (мисијата) на МААЕ е тука да остане. Информирајте го светот дека МААЕ останува во Запорожје“, рече Гроси по инспекцијата, според видеото објавено од рускиот медиум „Риа-Новости“.

Сепак, Гроси не кажа колку инспектори ќе останат и колку долго.

Вчера тој најави дека МААЕ ќе се обиде да воспостави „постојана мисија“ по актуелната посета.

„Успеавме да собереме многу информации“, изјави Гроси на руските новинари.

„Ја направивме првата проценка. Луѓето таму работат посветено и професионално. И покрај многу, многу тешките околности, тие продолжуваат да работат професионално“, додаде тој.

Според руската новинска агенција Интерфакс, четири од деветте возила кои пристигнаа во конвојот на мисијата на МААЕ во четвртокот попладне во областа на нуклеарната централа, го напуштиле местото на почетокот на вечерта.

Инаку, Запорожје произведува околу 20 отсто од потребите за електрична енергија на Украина.

Можете да прочитате

Јапонија ги доби првите три борбени авиони „Ф-35 Б“

„Лекари без граници“ повикуваат итно да се затвори Хуманитарната фондација за Газа

Фидан и Лавров разговараа за преговорите меѓу Русија и Украина