Утрински Весник
Македонија

ГРОМ за Мицкоски: Го гласаа за да го врати уставното име, а сега разговара да ни ги смени и грбот и химната

Soopshtenie Grom.png

Интегрален текст од соопшштение за јавност на партијата ГРОМ:

Граѓанската опција за Македонија ГРОМ, е зачудена од леснотијата со која претседателот на Владата Христијан Мицкоски им соопшти на македонските граѓани, а посебно на патриотите, дека со претставниците на албанските партии договара промена на грбот и на химната.


Браво! Браво за Христијан Мицкоски! Браво и за граѓаните кои што го гласаа.

Го гласаа за да го врати уставното име, а сега разговара да ни ги смени и грбот и химната. Со ова поддржувачите на ВМРО ДПМНЕ добија три во едно. Три лаги во еден човек. Затоа ние кога го признавме поразот на парламентарните избори во 2024 година рековме дека победи тој што најдобро лажеше.

За жал нашата констатација се потврдува секој нов ден, а Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ја заменија својата лавовска, антиалбанска реторика со мачешко мјаукање и исполнување на желбите на другарите на ДУИ. Затоа на лажговците јавно им порачуваме дека за ова не ги гласаа граѓаните и немаат легитимитет за продажба на македонските национални интереси. Ниту пак за истото уаставобранителите гнијат по затворите!

Можете да прочитате

Трипуновски од Кавадарци: Рекордна цена на најзастапените сорти на грозје, Вранец 21,3 денари, Смедеревка 18,9 денари по килограм

ВРЕДИ: Редот, правдата и контролата се најголемиот страв на ДУИ

Јавен обвинител извршил увид на местото на злосторот во Прилеп – пронајдени три безживотни тела