Утрински Весник
Свет

Гром удри на аеродромот во Белград, пистата е оштетена

Гром удри на аеродромот во Белград, пистата е оштетена

Големо невреме го зафати Белград нешто по 15 часот, пришто гром удри во пистата на аеродромот Никола Тесла.

dobivaj vesti na viber

Аеродромот Никола Тесла за Нова.рс потврди дека пистата била погодена од гром и дека надлежните служби работат на проценка на ситуацијата.

„За време на силното невреме, пистата на белградскиот аеродром беше погодена од гром и во таа прилика беше оштетена. Оперативните служби во моментов ја проценуваат состојбата. Наш приоритет е безбедноста на патниците и авионите“, соопштија од аеродромот.

Летовите времено беа прекинати, но веќе сообраќајот на аеродромот е нормализиран.

Можете да прочитате

Трамп вели дека не е подготвен за договор со Иран

Доларот зајакнува втора недела по ред

Иранската гарда се закани дека ќе го пронајде и елиминира Нетанјаху