Утрински Весник
Спорт

Гром уби фудбалер на средината на теренот во Перу, уште седуммина завршија на тревата

1 3 E1730718901474.jpg
Dik 300x250 mk

Гром уби фудбалер во Перу. Хозе Луис дела Круз Меса беше убиен од гром на средината на натпреварот.

Снимката набргу се прошири, а содржината е крајно вознемирувачка.

Сè се случи на натпреварот помеѓу Хувентуд Белависта и Фамилија Чоко во градот Хуанкајо. Се наоѓа на надморска височина од три илјади метри и ударите од гром не се ретки.

Токму поради тоа, судијата одлучи да го прекине натпреварот и да ги отстрани играчите од теренот. Сепак, тоа беше направено предоцна.

Кога тргнале кон соблекувалната, удрил гром, а седум играчи паднале на теренот. Еден е загинат како последица на удар од гром.

Можете да прочитате

Синер доби рекет од три килограми направен од чисто злато по освојувањето на „Сикс Кингс Слем“

Ѓоковиќ обезбеди учество на завршниот Мастерс

Македонската репрезентација две места подолу на ФИФА рангирањето