Утрински Весник
Магазин

Гром погоди авион со 400 патници, снимен моментот на ударот

Grom Udara U Avion 830x0 1.jpg

Неколку моменти по полетувањето на Боинг 777 на Ер Канада од Ванкувер, снимена е страшна сцена.

Случајно, Итан Вест, кој се школува да стане пилот, го гледал полетувањето и решил се да сними на својот телефон. Сепак, тој не очекувал удар на гром.

Експертите велат дека секој авион е погоден од гром еднаш или двапати годишно, но дека патниците не се во животна опасност.

Модерните авиони имаат громобрански спроводници, а тие се направени од јаглероден композитен материјал, покриен со тенок слој бакар кој спроведува струја околу него, пишува Дејли мејл.

Патниците може да видат блесок или да слушнат гром, но остануваат безбедни.

Така беше и по ударот во неделата, а Боингот со 400 патници подоцна безбедно слета во Лондон. Компанијата известува дека леталото е прегледано за да се осигура дека нема штета.

@ethan_west10 777-300 departing from yvr to London Heathrow #yvr #boeing #777 #fyp #foryoupage #aviation #lightening ♬ nightcrawler – LOLA ⭑

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста