Утрински Весник
Македонија

ГРОМ одлуката за медиумско исклучување на Левица: Наместо кон ЕУ одиме кон тоталитаризам

Grom partija 1 373537.jpg

Соопштение за јавност на ГРОМ:

Граѓанската опција за Македонија е згрозена од последната одлука на АВМУ да политичката партија Левица биде исклучена од покривање на трошоците за медиуми во кампањата за локалните избори.


Имајќи во предвид дека Левица е значајна парламентарна и опозициона политичка партија, да се исклучи од рекламниот простор во битката за локалните совети и градоначалници е скандалозна, недозволива за земја кандидат за членство во ЕУ и членка на НАТО.

Па нели како напредуваме кон ЕУ и во НАТО треба да ги зголемуваме демократските капацитети на општеството, а ние напротив, создаваме тоталитарен систем својствен за други општества и други времиња. Ја осудуваме ваквата одлука на АВМУ зошто ГРОМ бара фер избори без насилие, без медиумска злоупотреба и со еднаква шанса за сите.

Целта на државното финансирање на медиумската кампања на изборите е да се овозможи медиумски простор и на помалите политички партии, на независни кандидати, со цел да се поттикне плурализмот, да се подигне демократскиот капацитет на општеството и граѓаните да имаат поголема понуда и да направат вистински избор.

Владеачката партија секојдневно го узурпира медиумскиот простор, милионски суми зема од државата за финансирање на партијата, а сега и милионски суми за рекламирање. Со медумска окупација и елимирање на политичките противници на нечесен начин, животниот стандард, бизнис климата, безбедноста на граѓаните, правната држава, животната средина и целокупниот животен амбиент нема да станат подобри, туку напротив, шарените лаги ќе дојдат уште повеќе до израз.

ГРОМ сака победа, сака добар резулат на избори, но во фер и чесни услови. Ова е само предвесник на настаните што ќе следат на овие локални избори во бескомпромисната битка на претставниците на власта, за да ја окупираат најблиската власт на граѓаните, а тоа е локалната самоуправа во која тие немаат добри резултати.

Можете да прочитате

Мицкоски: После локалните избори ќе предложиме резолуција која ќе ги штити македонските национални интереси

Преку ЕУ проект се иницира повторно искористување на отпадот од депонијата на фосфогипс од поранешната Хемиска индустрија Велес

Сиљановска – Давкова во ОН: Сакаме да се интегрираме во ЕУ, но без дополнителни услови и со зачувано национално достоинство