Утрински Весник
Спорт

Грнчаров: Верувам во карактерот на Вардар и покрај сите проблеми со кои се соочуваме

Грнчаров: Верувам во карактерот на Вардар и покрај сите проблеми со кои се соочуваме

Најголемиот македонски фудбалски бренд Вардар ја почнува трката за враќање во елитата. Иако „црвено-црните“ се соочуваат со финансиски проблеми, а неколку квалитетни фудбалери заминаа од тимот оваа зима, тренерот Бобан Грнчаров е оптимист и верува во тимот.

dobivaj vesti na viber

Тој ги повика навивачите да му дадат поддршка на тимот на утрешниот дуел против Арсими.

„Без оглед на состојбата во клубот со која се соочуваме периодов, подготвени и мотивирани го дочекуваме почетокот на вториот дел од првенството во ВМФЛ и натпреварот против Арсими утре од 14 часот. Максимално верувам во квалитетот и карактерот на овие момци и убеден сум дека и покрај сите проблеми со кои се среќаваме ќе бидеме фокусирани и желни да успееме во својата цел која останува непроменета, да го вратиме најтрофејниот клуб во Македонија таму каде што припаѓа. Сочуван е голем дел од екипата и квалитетно засилен на одредени позиции. Почнувајќи од утрешниот натпревар секој следен ќе биде финале за нас, и токму на таков начин ќе пристапуваме кон секој предизвик.С ите играчи се здрави и во комбинација за натпреварот, со исклучок на Дарко Размоски кој одработува суспензија поради картони. Ги поканувам сите навивачи на Вардар во што поголем број да дојдат утре од 14 часот на стадионот во Автокоманда и да ги поддржат овие момци, со нашите Комити зад нас не постои цел која не можеме да ја оствариме, а ние ќе се оддолжиме со пристап на теренот достоен за најтрофејниот клуб во државата“, изјави Грнчаров.

Можете да прочитате

Почна судскиот процес за изнуда на пари од Погба, меѓу обвинетите и неговиот брат

Навивачите на Баерн со порака за претседателот на ПСЖ

Манчестер сити испушти 3:0 над Феенорд и ја продолжи серијата без победа на шест натпревари