Утрински Весник
Македонија

Грковска: Соработката е клучен фактор за справување со хибридните закани и за побезбедна дигитална трансформација на општеството

Грковска: Соработката е клучен фактор за справување со хибридните закани и за побезбедна дигитална трансформација на општеството

„Со брзиот напредок во технологијата, сајбер-безбедноста стана поважна од кога било порано, а одвивањето на процесот на дигитална трансформација треба да се сфати многу сериозно од сите страни. Во таа насока, новото предлог законско решение за Законот за безбедност на мрежни и информациски системи и дигитална трансформација, кое вчера го разгледувавме на Националниот совет за дигитална трансформација на општеството со кој раководам, превидува формирање на посебна Агенција, која ќе биде надлежна за оваа проблематика“, истакна заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, на Регионалниот дијалог за сајбер политики, кој денеска се одржува во Скопје.

dobivaj vesti na viber

Вицепремиерката се осврна на напорите кои нашата земја во изминативе години ги презема на ова поле, целејќи кон создавање и зајакнување на капацитетите, координација на донаторската поддршка и меѓународна соработка, со која како држава ги зголемуваме способностите за справување со комплексните предизвици поврзани со сајбер-безбедноста.

Зборувајќи за хибридните закани кои ги загрозуваат демократските општества и ја рушат довербата во регионот на Западен Балкан, Грковска се осврна на сајбер нападите врз ИТ инфраструктурата и дигиталните услуги, како и на дезинформациите кои ги експлоатираат постоечките разлики, шират страв меѓу граѓаните и пропагираат недоверба во демократските институции.

„Време е сите влади во регионот и сите чинители во нашите општества да стават поголем фокус на градење отпорност кон хибридното војување, сајбер нападите и другите закани поврзани со штетните странски влијанија и дезинформациски кампањи. Пристапот кој ги вклучува сите страни во општеството е единствениот метод кој може да даде резултати и затоа треба да се поттикнува соработката меѓу владите, медиумите и граѓанското општество, како и споделувањето на практики и знаења на регионално ниво“, заклучи Грковска.

Можете да прочитате

Ахмети од Швајцарија: Без Албанците, Северна Македонија нема иднина

Филипче: Заев и Ковачевски ја жртвуваа политичката кариера за денес да бидеме членка на НАТО и да почнеме преговори со ЕУ

1,95% ќе биде каматата за стопанството со 3 години грејс период и 15 години рок на отплата, рече Мицкоски