Утрински Весник
Македонија

Грковска – Шантц: Антикорупциското образование и јакнењето на интегритетот се најважниот влог за иднината на секоја држава

Грковска – Шантц:   Антикорупциското образование и јакнењето на интегритетот се најважниот влог за иднината на секоја држава
Dik 300x250 mk

Заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, во рамки на посетата на Обединетите Нации, имаше работен состанок со претставничката на Канцеларијата на Обединетите Нации за дрога и криминал (УНОДЦ), Делфине Шантц, со која разговараше за потребата од организиран и системски пристап во справувањето со корупцијата и организираниот криминал.

dobivaj vesti na viber

Грковска се заблагодари на Шантц за поддршката што УНОДЦ и ја дава на Северна Македонија, како на експертско ниво, така и во делот на координираниот регионален пристап. Во таа насока, таа ја истакна соработката околу имплементацијата на Стратегијата за јакнење на капацитетите за водење на финансиски истраги и конфискација на имот.

Посебно се осврна на активностите што нејзиниот кабинет ги презема, а кои се фокусирани на младите, и во поглед на јакнење на свеста за интегритетот како основна и клучна вредност, и во однос на антикорупциското образование, додавајќи дека овие политики се најважниот влог за иднината на државата.

Претставничката на УНОДЦ, Шантц ја поздрави посветеноста на македонската Влада на политиките на добро владеење и младинските политики, прашање на кое, како што рече таа, Обединетите Нации посветуваат особено внимание, имајќи предвид дека младите се оние кои ќе бидат идни лидери и идни носители на одлуки.

Во тој контекст, Грковска информираше за кампањата „Зависи од мене и тебе“, што ја иницираше таа, чија цел е на младите да им укаже дека промените зависат од сите нас и дека сите треба да учествуваат и да придонесат за создавање на подобар, поефикасен и просперитетен систем.

Двете соговорнички разговараа и за активностите што нашата држава ги презема за справување со корупцијата во споротот, пришто претставничката Шантц истакна дека ова прашање е од исклучително значење и во светски размери.

Во рамките на одбележувањето 30 години од зачленувањето на нашата држава во Обединетите Нации, Грковска денеска во седиштето на ООН во Њујорк ќе го модерира панелот на тема „Граѓанско општество и солидарност“, на кој ќе учествуваат Ивана Живковиќ, помошничка на генералниот секретар и директор за Европа на УНДП, Уранија Пировска од Хелсиншкиот комитет за човекови права, Вики Младенова, координатор на ЕРАЗМУС и Љубомир Фаизов, координатор во ЛГБТИ Центарот за поддршка.

Можете да прочитате

Несреќата кај Плетвар во која загинаа две лица се случила при претекнување, соопшти Обвинителството

Плетвар црна сообраќајна точка – Доктор Лазаров сведок на страшната несреќа: 15 години лекар, вакво нешто немам видено

Издавачката куќа Бегемот објави нов роман од реномираниот новинар Ѕвездан Георгиевски!