Утрински Весник
Македонија

Грковска и австрискиот амбасадор разговараа за Судскиот совет

Грковска и австрискиот амбасадор разговараа за Судскиот совет

Вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска денеска одржа проштална средба со австрискиот амбасадор Георг Вуцас.

dobivaj vesti na viber

Грковска се заблагодари за личната поддршка од амбасадорот и за севкупниот придонес од Австрија за реформските процеси во земјава.

Амбасадорот Вуцас истакна дека интеграцијата на земјите од Западен Балкан во Европската Унија е еден од приоритетите на австриската надворешна политика и во таа насока изрази надеж дека Северна Македонија ќе се справи со предизвиците на овој пат и набрзо ќе стане дел од европското семејство.

Во однос на уставните измени, соговорниците се согласија дека политичарите од сите вклучени страни треба да имаат широка визија и да ги имаат предвид ефектите од нивните одлуки врз стабилноста и напредокот на целиот регион.

Грковска и Вуцас се осврнаа и на состојбата во правосудниот систем и на случувањата во Судскиот совет, кои ќе бидат предмет на оценувачка мисија од страна на ЕУ.

Согласувајќи се дека промените во овој дел од системот треба да дојдат од самите луѓе кои ги сочинуваат овие институции, беше истакната важноста на политичката волја и храброста за справување со корупцијата, која е одредена од многу фактори во општеството.

Можете да прочитате

Минчев: Имаме преголема и пребавна јавна администрација, работиме на нејзино кратење

Кичево – Охрид ќе биде завршен до крајот на 2026 година, ветува Николоски

ВО МАКЕДОНИЈА ДОАЃА ГОЛЕМ ВЛАЖЕН И ЛАДЕН ЦИКЛОН: Ќе донесе многу дожд, снег и снежна покривка од над 40 сантиметри!