Утрински Весник
Македонија

Грковска – Ќехаја: Ефикасни антикорупциски политики, јакнење на интегритетот и транспарентноста се предизвици за сите земји од регионот

Грковска – Ќехаја: Ефикасни антикорупциски политики, јакнење на интегритетот и транспарентноста се предизвици за сите земји од регионот

Заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, денеска имаше средба со новоименуваниот амбасадор на Косово во Северна Македонија, Флоријан Ќехаја, со кого разговараше за предизвиците со кои се соочуваат двете земји, како и за можностите за заедничка соработка.

dobivaj vesti na viber

Вицепремиерката Грковска му честита на амбасадорот Ќехаја за новата функција и му посака успешна и плодна работа.

Амбасадорот Ќехаја оцени дека навистина е предизвик да се раководи кабинет кој е надлежен за политики за добро владеење, со оглед на тоа што станува збор за широк спектар на надлежности, кои се во насока на изградба на ефикасен и функционален систем.

Заменичката на претседателот, Грковска, ја истакна посветеноста на процесите на дигитализација, колку е таа важна за олеснување на животот на граѓаните. Таа ја образложи работата на Националниот совет за дигитална трансформација на општеството, вклученоста на сите институции што работат на овие процеси и нагласи дека овој процес не е едноставен, има многу предизвици, но е клучен доколку сакаме да изградиме ефикасен систем.

Можете да прочитате

Македонец и Албанец осудени за брутално убиство во Малта – едниот со 40 години, другиот доживотно

Арсовска: Секој ден се фаќаат по 30 диви приклучоци на вода, МВР мора да постапува!

Хеликоптерот на МВР исфрли повеќе од 30 тони вода во реонот на Дојран