Утрински Весник
Свет

Гренел до Вучиќ: Следете го американскиот пат

Vucik.webp.webp

Претставникот на американскиот претседател за специјални мисии, Ричард Гренел, му порача на српскиот претседател Вучиќ да го следи американскиот, а не европскиот пат.

„Европа е во проблеми – вашите економии ги задушува Брисел. Иновацијата е речиси мртва. Компаниите не растат во Европа. Вучиќ треба да го следи патот на САД, а не европскиот пат“, напиша Ричард Гренел на X.

Гренел реагира на изјавата на еврокомесарката за проширување Марта Кос, која објави дека во Давос разговарала со Вучиќ за реформите што ѝ се потребни на Србија за да остане цврсто на европскиот пат и да напредува со планот за раст.

„Едно е да се даваат пари за нешто да се обнови, а друго е кој ќе испрати воени трупи таму. Тој Одбор за мир дополнително ја подели Европа. Земјите од ЕУ или не учествуваат или сè уште не се изјасниле за тоа. Тоа нема да биде едноставна иднина… Некои велат дека тоа е паралелна организација на ОН. Не сум сигурен и не мислам дека е едноставно можно. Кина само изјави дека добила покана, Франција, Германија и Италија не учествуваат“, оцени тој додавајќи дека ситуацијата ќе биде појасна во наредните недели. 

Можете да прочитате

Премиерот на Гренланд порача дека само Гренланд и Данска имаат мандат да склучуваат договори за островот

Бројот на жртви во пожарот во Карачи се искачи на 67

Макрон: Француската морнарница пресретнала танкер за нафта од Русија под сомнение дека пловел со лажно знаме