Утрински Весник
Свет

Грција: 92 мигранти пронајдени голи на границата со Турција

Грција: 92 мигранти пронајдени голи на границата со Турција

92 мигранти биле пронајдени голи, откако, според Атина, биле принудени да ја преминат реката Еврос што ја дели Турција од Грција, што е „нечовечка слика“, изјави грчкиот министер за цивилна заштита Такис ​​Теодорикакос.

dobivaj vesti na viber

Европската агенција за следење на границите „Фронтекс“ го потврди „спасувањето на 92 мигранти во петокот“ со помош на грчките власти.

Агентите на „Фронтекс“ пријавиле дека мигрантите биле пронајдени голи и дека некои од нив имаат видливи повреди“, соопшти Агенцијата.

Атина тврди дека Анкара ги принудила мажите да се соблечат пред да ги депортира на грчката страна на границата, пишуваат медиумите во регионот.

Според написите, грчкиот министер за цивилна заштита ја обвинил Турција за „инструментализирање на илегалната имиграција“, но Анкара негира каква било вмешаност во лошиот и понижувачки третман.

Грција мора да престане со „манипулациите и нечесноста“, рече турскиот заменик министер за внатрешни работи Исмаил Чатакли.

Можете да прочитате

Во Франција, контролорите на летање ќе бидат биометриски регистрирани на работното место

Во Брисел, големи демонстрации во знак на поддршка на Палестинците

Анкета: Работниците бараат помалку работни часови, проблемот е во работните процеси