Утрински Весник
Балкан

Грчките земјоделци го блокираат граничниот премин „Евзони“

Evzoni.jpg

Блокадата од грчките земјоделци продолжува и денес. Веќе четири дена грчките земјоделци со трактори го блокираат граничниот премин ,,Евзони”.

Блокадата започна кусо по 13 часот по локално време, а непознато е колку време ќе трае блокадата.

Грчките земјоделци традиционално не ги најавуваат своите блокади. Тракторите остануваат паркирани на премините, а на дневни состаноци одлучуваат кога и колку долго ќе го прекинуваат сообраќајот. Истата практика продолжува и сега: покрај „Евзони“, привремени блокади денеска имаше и на преминот „Ники“ кај Лерин, како и на „Промахонас“ кон Бугарија и на „Кипи“ кон Турција, каде што не се пропуштаат камиони.

На повеќе локации земјоделците дури поставија новогодишни елки, симболична порака дека се спремни да протестираат и за празниците.

Протестите почнаа во неделата и се најавува нивно постепено засилување до 5 декември, без најава кога би можеле да завршат.

Можете да прочитате

Уапсени десет лица во Грција за нелегален софтвер на бензински пумпи за точење помалку гориво од прикажаното

Албанија во 2025 година ја посетиле над 12,4 милиони странци

Бугарскиот претседател Румен Радев поднесува оставкa