Утрински Весник
Свет
Img 7972

Грчките власти извлекле од морето 20 тела на мигранти

Брод со мигранти потона кај Сирија, се удавија речиси 80 луѓе
300x250 opst2

Грчката крајбрежна стража објави дека спасувачките служби извлекле тела на 20 мигранти од морето. Тие се удавиЛе откако нивниот чамец се превртел додека се обидувале да преминат од Турција во Грција.

dobivaj vesti na viber

Според информациите, бродот потонал вчера поради силните ветрови, а операцијата за пребарување и спасување се уште е во тек во близина на грчкиот остров Евија, пренесува „Ројтерс“.

Спасени се 12 луѓе, но преживеаните им рекле на властите дека на чамецот имало дури 68 луѓе.

Бројот на баратели на азил кои се обидуваат да стигнат до Европа од Турција, главно од земјите зафатени од војна или сиромашни на Блискиот Исток и Африка, е намален по миграциската криза во Европа во 2015 година, наведува британската агенција.

Сепак, грчките власти велат дека забележале зголемување на обидите за влез преку нејзините копнени и поморски граници со Турција.

Можете да прочитате

Синоптичарите алармираат: Европа пред најстудената зима во последните години

Трагедија: Мајка ја удавила својата двегодишна ќерка, па се јавила во полиција и лажела

Мерц: Путин води хибридна војна против Германија, сака да не заплаши и да ни всади страв