Утрински Весник
Македонија

Грчец два дена во мрак поради неконтролирана кражба на електрична енергија

Грчец два дена во мрак поради неконтролирана кражба на електрична енергија
Dik 300x250 mk

Жителите на Грчец живеат два дена без струја.

dobivaj vesti na viber

Дел од нив кои излегоа на протест пред подружницата на ЕВН во Ѓорче Петров,се пожалија дека и во претходните денови имале прекини во електричната енергија, но веќе два двена немаат вопшто.

Велат дека ЕВН ги казнува и оние кои плаќаат електрична енергија, поради неплаќачите.

Од, ЕВН објаснуваат дека во селото вчера околу 8 часот наутро настанал дефект кој е последица на кражбите на електрична енергија од страна на мештаните, односно неовластено и неконтролирано користење. Нивните екипи често се соочуваат со вербални и физички напади поради што целост се нарушува работењето.

„Невозможно е да се санираат дефекти се додека на вработените на терен им е спречен пристапот до самите енергетски објекти и немаат нормални услови за работа“, велат од ЕВН.

Од тука додаваат дека трафостаниците се преоптоваруваат и оштетуваат, како и останатата енергетска опрема, а како резултат се појавуваат сериозни дефекти.

Можете да прочитате

Спасовски: Резултатот е катастрофален, но вината не е само кај Филипче

Онкологија со месеци без тумор маркери и основна терапија за пациентите со рак

Безживотно тело на млада девојка најдено во Тетово