Утрински Весник
Македонија

Граничните премини Евзони и Ники и денеска затворени на неколку часа

20251211101223 big 730x400 69.webp.webp

Како и во претходните денови, денес грчките земјоделци, кои ги паркираа своите трактори на повеќе гранични премини, вклучувајќи ги Евзони (Богородица) и Ники (Меџитлија) кон нашата земја, ќе ги суспендираат граничните премини за сообраќај за неколку часа, информираше дописничката на МИА од Атина.

Се предвидува блокадата на Евзони денеска да биде во интервалите од 12 до 16 и од 18 до 22 часот по локално време, со што целосно ќе биде прекинат сообраќајот, освен за камионите што превезуваат грчки производи.

На граничниот премин Ники, според грчката новинска агенција АНА-МПА, сообраќајот ќе биде во прекин четири часа, почнувајќи од 11 часот по локално време.

Земјоделски блокади се поставени и на граничните премини кон Бугарија и Турција, но повеќечасовните прекини се однесуваат исклучиво на товарните возила.

Низ цела Грција, од најсеверните до најјужните делови, земјоделците досега имаат формирано над 60 блокади, кои постепено се зголемуваат од 30 ноември.

Централната блокада е сместена во централна Грција, во близина на Никеа, недалеко од Лариса, на автопатот Солун – Атина. Сообраќајот во тој дел се пренасочува по алтернативни патишта. Комитетот одговорен за земјоделските блокади во целата земја закажа нова седница за сабота, на која ќе се донесе одлука за натамошни активности.

За утре, земјоделците од северна Грција најавија протест и симболично затворање на пристаништето во Солун.

Протестните активности на земјоделците започнаа на 30 ноември, како последица на зголемените производствени трошоци и ниските откупни цени на нивните производи, како и поради спорот околу европските земјоделски субвенции. Основното барање останува исплатата на заостанатите субвенции.

Блокадите се распоредени на повеќе автопати и локални сообраќајници низ Грција, што значително го отежнува сообраќајот, кој се одвива преку алтернативни патишта.

Можете да прочитате

Пробиен претпоследниот тунел на железничката делница од Бељаковце до Крива Паланка

Свечено отворен Лекторат по македонски јазик на Универзитетот „Константин Филозоф“ во Нитра, Словачка

Најстудено утрово е во Битола, најтопло во Крушево