Утрински Весник
Свет

Градоначалникот на Њујорк го критикува апсењето на Мадуро

Aa 20251105 39618853 39618838 zohran mamdani obecao da ce ispuniti ocekivanja za new york i posluziti kao uzor u pobjedi nad trumpom.jpg.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Градоначалникот на Њујорк, Зохран Мамдани, потврди дека лично го контактирал претседателот Доналд Трамп за да го изрази своето остро противење на апсењето на венецуелскиот претседател Николас Мадуро и неговата сопруга.

„Го повикав претседателот и разговарав директно со него за да го евидентирам моето противење на овој чин и јасно да ставам до знаење дека тоа противење се темели на спротивставување на обидите за промена на режимот, како и на кршењето на федералното и меѓународното право“, изјави Мамдани пред новинарите на прес-конференција во Бруклин.

Од Белата куќа засега нема официјален коментар за разговорот, објави CNN. Мамдани, кој е на функцијата само три дена, претходно американската операција ја нарече „воен чин“ и истакна дека биле прекршени федерални и меѓународни закони. Тој додаде дека градските служби работат на тоа пристигнувањето на Мадуро во Њујорк да се одвива со минимални пречки за граѓаните. Се очекува Мадуро да биде задржан во федерален притвор во Њујорк, каде што ќе се соочи со федерални обвиненија. Мамдани изјави дека бил информиран за апсењето од својот прв заменик и од комесарката на полицијата, Џесика Тиш.

Можете да прочитате

Медведев: Можам да замислам операции за киднапирање на Мерц и други светски лидери

Трамп: Сами проценете што значат акциите во Венецуела за Гренланд

Илјадници куќи во Берлин без електрична енергија, власта ги обвинува екстремистите