Утрински Весник
Спорт

Градоначалничката на Париз: Сакам Русите да учествуваат на ОИ

Градоначалничката на Париз: Сакам Русите да учествуваат на ОИ

Градоначалничката на Париз, 63. годишната Ана Идалго, изјави дека сака да ги види руските спортисти на Олимпијадата во 2024 година во француската престолнина, но под неутрално знаме.

dobivaj vesti na viber

Идалго се надоврза на изјавите на украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој побара од Интернационалниот олимписки комитет да им забрани на руските спортисти да учествуваат на Игрите во Париз, поради руска инвазија на неговата земја.

Од Интернационалниот олимписки комитет потоа изјавија дека на ниту еден спортист, без разлика на националноста, не треба да му се забрани учество на најголемиот спортски настан во светот.

„Олимписките игри се момент кој им припаѓа на спортистите и мислам дека тоа право не треба никому да му го одземеме. Ќе се залагам за учество на руски спортисти, но под неутрално знаме“, изјави Идалго и додаде.

„Се надевам и верувам дека нема да има повеќе војна кога Игрите ќе се одржат во Париз. После се што поминавме во последните години, и поради војната и поради пандемијата на коронавирус, верувам дека тогаш со големо задоволство ќе се собереме исклучиво околу спортот“.

Можете да прочитате

Анчелоти стана рекордер во Лигата на шампионите

Навивач на Партизан го нападна тренерот на Олимпијакос

Македонските ракометарки поразени од Шведска на стартот на Европското првенство