Утрински Весник
Свет

Градоначалничката на мексиканскиот град Котиха убиена на улица

20240604092528 Big 730x400 43.webp.webp

Непознати напаѓачи ја убиле градоначалничката на Котиха, град во западниот дел на Мексико, Јоланда Санчез Фигуероа, соопштија утрово регионалните власти.

Владата на државата Мичоакан го осуди убиството на претседателката на општина Котиха.

Потрагата по одговорните за убиството е во тек.

Локалните медиуми јавија дека напаѓачите биле вооружени цивили во комбе и оти нападот се случил на улица.

Во септември минатата година, Санчез Фигуероа беше жртва на киднапирање недалеку од Гвадалахара.

Убиството се случува 24 часа откако за првпат во историјата на земјата жена беше избрана за претседателка на Мексико. Клаудија Шајнбаум Пардо, кандидатка на левичарската партија Морена на изборите минатиот викенд освои речиси 60 отсто од гласовите

Можете да прочитате

Боксерскиот тренер на Самоа почина во Олимпиското село во Париз

Холанѓанец осуден за силување дете доби дозвола да се натпреварува на Олимпијадата

Бројот на загинати Палестинци во денешниот израелски воздушен напад за искачи на најмалку 30