Утрински Весник
Македонија

Градоначалничката Арсовска повторно не се појави на советнички прашања

Danela Arsovska.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска повторно не се појави на седницата на Советот каде што советниците требаа да и постават прашања за случувањата во градот.

Претседателот на Советот, Трајко Славевски по дадената пауза од 10 минути да ја пронајде градоначалничката и да се појави на седница на советот мораше да ја заклучи.

„Бидејќи не се создадени услови за одржување на седницата за советнички прашања, истата ја заклучувам. Ве охрабрувам сепак да поставувате советнички прашања во писмена форма, за што имате право, до градоначалничката, секретарот и до сите служби и да да барате одговори. Се надевам дека во скоро време Арсовска ќе се појави за да имаме седница за советнички прашања“, рече Славески.

Претходно и советниците од СДСМ се откажаа од работата на денешната седница поради неприсуството на градоначаличката.

„Советничките прашања се седница каде се поставуваат прашања до градоначалникот. Ако тој не е присутен, ние нема да учествуваме во работата на седницата“, советничката од СДСМ, Љубица Јанчева.

Можете да прочитате

Забрана за движење на автобуси на патот Тетово – Попова Шапка

Поплави во Кичево, евакуирани 100 лица

Мицкоски: Со измените на Кривичниот законик СДС и ДУИ го контаминираа правосудството