Во градот Џошимат во северна Индија, некои жители беа евакуирани откако во последните неколку недели се појавија алармантни пукнатини во нивните домови.
Досега речиси 600 луѓе од 145 семејства се преместени од своите домови во училишта и хотели, откако се појавија пукнатини во повеќе од 750 згради во градот со 20.000 жители.
Индиската организација за истражување на вселената објави дека градот потонал за 5,4 сантиметри за 12 дена, помеѓу 27 декември и 8 јануари.
Аншу Рават била во длабок сон на 3 јануари кога слушнала силен звук. Отпрвин била убедена дека сонува, но кога вревата станала посилна, решила да провери што се случува. Надвор, таа беше сведок на хаос. Луѓето во паника трчаа наоколу, а некои во рацете ги носеа своите деца завиткани во ќебиња, пишува Би-Би-Си.
Имаше гласини дека хотелот во близина се урнал, но нејзиниот сопруг излегол да провери и открил дека хотелот останал недопрен. Но, нивната куќа претрпе оштетувања, се појавија пукнатини на ѕидовите и терасата. Зашеметена и збунета, 27-годишната Аншу ја грабна својата шестмесечна ќерка и се упати кон покривот, заедно со нејзиниот сопруг и другите роднини.
We are extremely worried about #Joshimath. We will continue to destroy ecology all around the Himalayas.
We are incredible! pic.twitter.com/9j5xfzD61e
— Arun Bothra 🇮🇳 (@arunbothra) January 11, 2023
Експертите тврдат дека градот е во опасност да потоне поради непланската градба и немањето соодветен систем за одводнување. Се уште не се знае колку евакуирани семејства ќе треба да останат во привремено сместување. Надлежните потенцираат дека за сега приоритет им е спасувањето животи,пренесе Индекс.хр.