Утрински Весник
Магазин
300x250 opst2

Град во Франција ќе користи ДНК-тест за да ги идентификува сопствениците на кучиња кои не чистат

Град во Франција ќе користи ДНК-тест за да ги идентификува сопствениците на кучиња кои не чистат
Img 7972

На градот Безие на југот на Франција му е доста од сопственици на кучиња кои не ги чистат изметот на нивните животни на јавни површини, затоа градската власт ги следи со помош на ДНК тестови.

dobivaj vesti na viber

За ДНК тестовите, сопствениците на кучиња мора да имаат генетски пасош од својот четириножен пријател. Со анализа на кучешкиот измет оставен на тротоарот, може да се идентификува виновниот сопственик.

Почнувајќи од оваа недела, новиот правилник бара од сопствениците на кучиња во центарот на градот да изготват генетски пасош за своите четириножни миленици.

По грејс-период од три месеци, секој што шета куче без генетска пропусница ќе треба да плати 38 евра, а ќе плати и казна од 122 евра доколку не го собере изметот на кучето.

Првично, постапката ќе се тестира две години.

„Не можеме повеќе да го поднесеме целиот овој измет. Само во центарот на градот отстрануваме повеќе од 1.000 секој месец. Мора да воведеме санкции за луѓето да се однесуваат правилно“, изјави градоначалникот на Безие, Роберт Менар, за „Франс инфо“.

Менар нагласи дека општината на сите сопственици на кучиња ќе им понуди бесплатно тестирање на плунката, што е неопходно за генетски пасош. Тој додаде дека тоа може да се направи и кај ветеринар.

 

Можете да прочитате

Денес се празнува Светиот апостол Кодрат

Љубовен мир и заборавено богатство денес: Дневен хороскоп (04.10.2025)

„ГРАДОНАЧАЛНИК“ – нова едукативна онлајн игра за млади